Реал сè поблиску до Сантош: 72 последователни натпревари со барем еден гол

Роналдо гол

Екипата на Реал Мадрид поведе во дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ против АПОЕЛ во рамки од првото коло од Лигата на шампионите.

И секако, стрелец беше Кристијано Роналдо, кој го собра отпадокот на подалечната статива по центаршутот на Герет Бејл.

Овој гол е продолжение на фантастичната серија на екипата предводена од Зинедин Зидан, која 72 последователни натпревари постигнува барем еден гол.

Апсолутниот светски рекорд е зад името на бразилски Сантош, кој цели 74 меча постигнуваше погодок.