Реал Мадрид никогаш не загубил двобој против градскиот ривал во европските натпреварувања

Реал Мадрид против Атлетико Мадрид

Во дербито од полуфиналето на Лигата на шампионите, Реал Мадрид ќе се соочи со стариот познаник Атлетико, со кого одигра две финалиња во последните три години. „Јорганџиите“ се омилената екипата на фудбалерите од „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи никогаш не загубиле европски двобој против градскиот ривал. 

Првото мадридско дерби во Европа датира од далечната 1958/59 сезона, кога „кралскиот клуб“ на двапати славеше против лутиот ривал. Последната меѓусебна средба е онаа од четвртфиналето во сезоната 2014/15, кога Реал преживеа и одигра 0-0 на „Висенте Калдерон“, а на домашен терен славеше минимално со голот во 88. минута на Хавиер Хернандез Чичарито.

Сепак, фудбалерите на Диего Симеоне имаат за што да играат, а во мислите сигурно ќе им биде и одмазда за двата тешки порази на финалните натпревари во Лисабон 2014 и Милано 2016 година.

ФИНАЛЕ ВО ЛИСАБОН 2014:

ФИНАЛЕ ВО МИЛАНО 2016: