Реал и Барса се избегнаа во Купот: Атлетико – Севиља највозбудлив четвртфинален дуел!

Синоќа се затвори кругот на патници за четвртфиналето на најмасовното фудбалско натпреварување на Шпанија, Купот на Кралот, откако последниот воз го фатија екипите на Еспањол, Барселона и Севиља

Денес, во просториите на Фудбалската федерација на Шпанија се одржа ждрепката за оваа фаза, а повторно големите ривали Реал Мадрид и Барселона се избегнаа. „Кралевите“ го добија Леганес, додека актуелниот освојувач Барселона ќе се сретне со градскиот ривал, Еспањол. Најинтересен меч од овој филтер ќе биде судирот меѓу Атлетико Мадрид и Севиља, а последниот пар го сочинуваат екипите на Валенсија и Алавес

Првите мечеви ќе се одиграа на 17 јануари, а реванш дуелите се закажани за една седмица подоцна.