ВИДЕО: Работнички и Ренова стравуваа од пораз и одиграа досадно реми

Работнички и Ренова одиграа разочарувачко реми без голови на стадионот во Ѓорче Петров на отворањето на новата сезона во главниот град (0-0). На клупата на Ренова по подолг период седна Влатко Костов, а кај домаќините Виктор Треневски шанса им укажа на неколку новајлии.

Први се заканија гостите преку дефанзивецот Стефан Костов во 2. минута, но Дамјан Шишковски на голот на Работнички одлично одбрани. Работнички воспостави рамнотежа, но пак поопасни беа гостите. Засилувањето Александар Темелков во 18. минута убаво биеше со глава, но пак домашниот голман беше на место.

Во 25. минута по акцијата на Сахити, Велинов ја имаше првата закана за момците на Треневски, но напаѓачот беше нерешителен против својот поранешен клуб. Пред крајот на првиот дел и Кире Маркоски во инвидуална акција се закани, но премногу беше осамен и изолиран за нешто посериозно да стори. 

По бледото прво полувреме, Абдуда и Нухиу со удари од далечина на почетокот од вториот дел, пак ја покажаа амбицијата на гостите. Следеше серија на замени од двете страни, падна ритамот на игра, а голманите немаа работа.

Аргентинецот Херера во 71. минута се обиде од голема далечина, но Кобетиќ без проблем одбрани. Неколку минути подоцна Кобетиќ имаше многу среќа по акцијата на Велинов, па стигна навреме да ја расчисти опасноста пред голот на гостите. Од страв да не загубат, двете екипи без амбиција за победа го завршија натпреварот со поделба на пленот (0-0).