Пегасус Хонг Конг го потврди трансферот на Игор Недељковиќ

Напаѓачот на Силекс, српскиот интернационалец Игор Недељковиќ потпиша едногодишен договор со Пегасус од Хонг Конг и во следните 12 месеци ќе игра во шампионатот на оваа азиска земја. 

Недељковиќ вчера ги мина лекарските прегледи и клубот го претстави пред јавноста. Српскиот голгетер беше еден од најдобрите стрелци минатата сезона и извесно беше дека ќе ја смени средината. Интерес за него покажаа и најдобрите македонски екипи Вардар и Шкендија, но финансиски најповолна беше понудата на Пегасус Хнг Конг. 

Пегасус е млад клуб формиран во 2008 година, а до пред неколку години за оваа екипа настапуваше македонскиот голман Кристијан Наумовски.