ВИДЕО: Првенец за Китановски во ремито на Истра, гостинска победа за Осијек

Македонскиот интернационалец Томе Китановски го постигна првиот гол во дресот на Истра од Пула во хрватскиот шампионат. Во дуелот од 5. коло, екипата на Китановски излече бод од гостувањето кај Интер Запрешич (2-2).

Китановски уште во 8. минута беше упорен и една навидум загубена топка, успеа да ја освои и од мртов агол да постигне ефектен гол.

Во вториот денешен натпревар, Осијек на Петровиќ и Ејупи (не настапи) славеше во Загреб против Локомотива со 2-3.