Првенец на Благоевиќ, Силекс подобар од второлигашот Саса

Прволигашот Силекс забележа победа во вториот контролен меч во подготвителниот период. Кратовчани го совладаа новиот второлигаш Саса со 1-0 (1-0). Единствениот гол на средбата го постигна засилувањето Дејан Благојевиќ.

Екипата на Жикица Тасевски имаше многу шанси за поубедлива победа, а ја реализираше само таа по проектилот на Благоевиќ од 25 метри во 41. минута.

За кратовчани дебитираа и останатите новајлии, а одличен впечаток остави Бразилецот Антонио Оливеира - Тони. Силекс минатата сезона го освои шестото место и се надева дека сезонава ќе може да се вмеша и во борбата за европските места. 

ФОТО: www.aberdzija.com