ВИДЕО: Проектил на Алими, гол на Жуниор - Вардар матиран за само пет минути во Тетово!

По еден час иницијатива, Шкендија поведе против Вардар во супер-дербито од првото коло на ПМФЛ со 1-0. Имено, кога се наѕираше водството на вицешампионот, фудбалерот за врска Арменд Алими со фантастичен удар од 20-22 метри ја „искина мрежата“ од голот на Филип Гачевски за предност на екипата на Ќатип Османи. 

Не минаа ниту пет минути, а Стенио Жуниор убаво проигран од Хасани со дијагонала го совлада Филип Гачевски за двојно водство на домаќинот (2-0). 

На головите му претходеа серија на шанси, неколку добри интервенции на Гачеввски и еден спасен гол од Стефан Спировски од самата гол-линија.