Продадени над 10.000 билети за мечот Шкендија - Милан во првите 24 часа

Реваншот од плеј-офот за Лигата на Европа помеѓу Шкендија и Милан, кој ќе се одигра на „Телеком арена“ на 24 август, предизвика голем интерес кај македонските фанови.

Во првите 24 часа, откако билетите беа пуштени во продажба, статистиката покажа дека биле продадени дури 10.000 влезници. Ова е одговор на известувањето од Милано, кое вчера гласеше дека италијанските фанови во огромен број купуваат билети за првиот меч на „Сан Сиро“ на 17 август.

Шкендија ги повика своите фанови да набават влезница што поскоро, за фудбалерите да уживаат во максимална поддршка на „Телеком арената“.