ВИДЕО: Пред 10 години Роналдо блесна во ПЛ и го запиша првиот „ѓаволски“ хет-трик!

Кристијано Роналдо

Еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалската игра, Кристијано Роналдо, уште долго ќе го памети денешниот ден. Португалскиот ас пред точно 10 години блесна на мечот против Њукасл Јунајтед и го постигна својот прв хет-трик како член на Манчестер Јунајтед. 

Последната голема „седумка“ на „црвените ѓаволи“ остави голема трага на „Олд Трафорд“. Со Јунајтед успеа да освои скоро сè што може да се освои во клупскиот фудбал, а по успешната епизода во англискиот гигант во 2009 години се пресели во Реал Мадрид, каде сè уште е главна ѕвезда на тимот на Зинедин Зидан. 

Роналдо во Манчестер премина во 2003 година, а за шесте години кои ги мина во Јунајтед забележа 196 настапи, постигнувајќи 84 гола.