Позната и премијата: Пелистерци ќе поделат 33.000 евра за Куп-трофејот

Битолскиот фудбалски великан, Пелистер, по 2001 година повторно се закити со нов трофеј од Купот на Македонија

Пелистерци во финалето одиграно на стадионот „Младост“ во Струмица по изведувањето на пеналите славеа победа над Шкендија (3-4), а покрај заслужениот пехар и медалите, ќе добијат и парична награда од раководството на клубот. 

По самото завршување на натпреварот, челните лица на ФК Пелистер обелоденија дека за хероите ќе има премија од 33.000 евра, која ќе ја поделат новите освојувачи на македонскиот Куп.