Повреда на рамото на Перин, заврши сезоната за голманот на Џенова

Соиграчот на Горан Пандев, голманот на Џенова, Матија Перин, ќе го пропушти остатокот од сезоната заради нова сериозна повреда. 

Перин заработи тешка повреда на вчерашниот дуел со Рома и по последните испитувања, Перин има тешка повреда на левото рамо и веројатно ќе треба да се подложен на операција.

Матија Перин пред неколку месеци се врати од повреда на десното колено. Заради оваа причина тој го го пропушти Европското првенство во Франција во јуни 2016 година.