ВИДЕО: Потег за кој зборува цел Мадрид - синот на Зидан со дриблинг „а ла Окоча“!

Тео Зидан, еден од четворицата синови на тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, со својот дриблинг на вчерашниот меч на младинците на „кралскиот“ клуб ги одушеви сите фудбалски фанови. 

Тој на мечот против Одело Толетума со неверојатна финта го исфрли од игра својот противник, но иако не успеа да постигне гол заработи овации од трибините и ги освои социјалните мрежи. 

Сигурно овој потег на младиот Зидан ќе ве наврати на легендарниот нигериски фудбалски мајстори, Џеј-Џеј Окоча кој на ист начин во дресот на Болтон си поигруваше со дефанзивците на Арсенал.