ВИДЕО: Порто загуби, а Абубакар лудо славеше во соблекувалната на противникот!

Екипата на Бешикташ го направи најголемото изненадување во вчерашните натпревари на Лигата на шампионите, откако во Португалија извојува сигурна победа над Порто од 1-3. 

Дефинитивно навивачите на португалскиот гигант немаа повод за славје, бидејќи нивните миленици одиграа очаен натпревар, но не беше таква ситуацијата и со напаѓачот на тимот, Винсент Абубакар.

25-годишниот Камерунец поради повреда не можеше да му помогне на Порто на овој дуел, а по мечот изненадувачки одлучи да слави во соблекувалната на Бешикташ. Навистина неспортки и нечовечен гест на еден професионален фудбалер, кој сигурно ќе му донесе многу проблеми во својата кариера во Порто. 

Инаку, Абубакар ланската сезона ја мина токму во редовите на Бешикташ, како позајмен играч на Порто.