Поради мешање на владата, ФИФА го суспендира Пакистан

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) одлучи да ја суспендира селекцијата на Пакистан од меѓународните натпреварувања поради мешањето на власта во таа земја во одлуките и работата на фудбалскиот сојуз.

Од ФИФА соопштуваат дека канцелариите и сметките на Фудбалската федерација на Пакистан се во надлежност на власта, што е спротивно од правилата во кои се вели дека ниту една власт не смее да се меша во работата на федерацијата.

Исто така, светската фудбалска куќа најави дека во наредниот период ќе „прочешла“ уште неколку вакви случаеви и ништо чудно ако бројката на суспендирани селекции биде зголемена.