ВИДЕО: Погба на штаки го напушти „Олд Трафорд“, ќе паузира неколку седмици!

Синоќа, Манчестер Јунајтед ја запиша првата победа во новата сезона на Лигата на шампионите, но остана без своето најскапо засилување, Пол Погба. 

На „Олд Трафорд“ ѓаволите со 3-0 го совладаа Базел, иако од 17. минута останаа без услугите на капитенот на овој дуел, Погба. Французинот се пожали на болки во задниот бутен мускул и предвреме го заврши мечот, а легендарниот стадион го напушти на штаки. 

„Мислам дека таквата пауза значи отсуство неколку седмици. Нема потреба од паника, бидејќи ги имаме Херара, Фелаини, Матиќ и Карик на таа позиција. Тоа ти е професионалниот фудбал, често знае да ти донесе непланирани работи“, по мечот изјави Мурињо. 

Убедливата победа на „ѓаволите“ на вчерашниот меч им ја донесоа резервистите Фелаини и Рашфорд, а гол серијата ја продолжи и Ромелу Лукаку.