Почетино искрен: Не можеме да се натпреваруваме со ривалите во преодниот рок

Екипата на Тотенхем, се разбира после шампионот Челзи,  е тимот кој најмногу остави впечаток во сезоната што изминува во Премиер лигата. Спарси предводени од фантастичните Деле Али, Кејн и Ериксен константно низ текот на целата сезона играа отворен и допадлив фудбал, а доказ за тоа е и вчерашната висока победа од 6-1 против ланскиот шампион, Лестер Сити на гостински терен, 

Сепак, менаџерот на тимот, Маурицио Почетино, вели дека овој клуб нема моќ да се натпреварува со ривалите во Премиер лигата на трансфер пазарот што следува, иако и во идната сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите. 

„Сите зборуваат за тоа како одигра Тотенхем оваа сезона и повторно се пласира во ЛШ, но сега дојде моментот кога за да купиш врвен играч ќе мора многу да платиш. Се разбира дека имам средства за нови фудбалери, но ако некој друг клуб понуди двојно повеќе, како ќе го убедиме играчот да потпише за нас. Не можам да лажам, таа е реалноста. Нам ни се потребни млади фудбалери, како што е Деле Али, кој сакаше најпрво да дојде кај нас, па потоа да се пресели во некој поголем клуб“, истакна Аргентинецот. 

Тотенхем веќе две сезони им ги мрси сметките на далеку побогатите и позвучните тимови во борбата за Лигата на шампионите, па зошто да не идната сезона до самиот финиш да се бори за трофејот во најелитното фудбалско натпреварување на Англија.