ФОТО: Победа се разбуди од зимскиот сон, Бубања ги стартуваше подготовките!

Попладнево,фудбалерите на Победа под раководство на шефот на стручниот штаб Славољуб Бубања ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната. 

На првиот тренинг на теренот на стадионот на Могила присутни беа 31 фудбалер. Покрај првотимците кои настапуваа во есенскиот дел на првенството (Гешоски, Крстески, Карчески, Талески, Илиески, Ј. Наумоски, Ацески, Димитриоски, Јованоски, Трајкоски и М.Наумоски), и повратникот од позајмицата во Новаци Христијан Петрески со првиот тим приклучени се младинците: Котевски, Паноски, Ангелески, Димоски, Мицески, Митрески, Бунтески, Каралиоски Д.Наумоски и кадетите:Јосифоски, Цветаноски, Вурмески и Свртиноски.


 
Тренингот го одработија двајцата интернационалци кои се на проба, 24-годишниот играч за врска Усеин Мунпаин од Камерун, кој настапувал за аргентинскиот Хуракан и 19-годишниот Французин со мароканско потекло Отман Елауниа, кој го носел дресот на младиот тим на англискиот премиерлигаш Борнмут.

На проба се уште и 24 годишниот десен бек Самир Вели, младите прилепски фудбалери Благојче Спиркоски, доскорешен играч на Еуромилк, Димитар Кремчески, кој настапувал за младите категории на Металург и Вардар а минатата сезона за Беласица и екс играчот на Победа Андреески.

До крајот на неделава ќе пристигне и 22-годишниот бразилски офанзивен играч за врска Лукас Силва Сантос Јуниор, а на тренинзите од недела треба да се приклучи и повратникот од Азербејџан Турал Хумбатов. Засега договорени се две пријателски средби во Охрид, на 16 јануари со Шкендија и на 24 јануари со Ренова.