Пиоли ја состави трансфер листата: Интер се ослободува од Паласио, Мело, Кондогбија...

Италијанскиот гигант Интер до крајот на јануари ќе направи чистка во тимот и тренерот Пиоли за таа потреба ја подготвил трансфер листата. 

Аталанта сака да го донесе Аргентинецот Родриго Паласио и ако се согласи да ја намали годишната плата, неговиот поранешен тренер Гасперини би го довел во Бергамо.

Филипе Мело потпиша за бразилскиот гигант Палмериас,а за Стеван Јоветиќ е во завршни преговори со Севиља.

Иднината на Сантон, Нагатомо и Кондогбија исто така ќе биде надвор од „Сан Сиро“, но неизвесно е кој би ги презел и плаќал нивните високи плати кои ги имаат во Интер.