ВИДЕО: Пет години пред почетокот на СП, завршен првиот стадион во Катар

„Калифа“ стадионот во Доха е првиот стадион кој е завршен за потребите на Светското првенство во фудбал кое во Катар ќе се одржува во 2022 година. 

За рановирањето на овој прекрасен објект се потрошени околу 100 милиони евра, истиот ќе има капацитет од 40.000 седишта и во него ќе клима која константно ќе ја држи температурата на 26 степени целзијусови. 

Стадионот е ултра-модерен, но во текот на неговата изградба загинаа неколку работници. Во јануари оваа година загина еден 40-годишен Британец, а претходно истата судбина ја доживеаја и неколку мигранти кои ги вршеа најтешките работи на овој стадион.