Палермо на пенали елиминиран од Купот на Италија, среќата го посака прволигашот Каљари

Фудбалерите на Палермо, клубот во кој настапуваат Александар Трајковски и Илија Несторовски е елиминиран од Купот на Италија, откако во натпреварот од третото коло, игран вечерва на Сардинија, загуби со 5-3 од домашниот Каљари по изведување на пенали, откако натпреварот во 120 минути заврши без победник, 1-1. 

Единствениот фудбалер кој не го реализира пеналот беше Алесами, а останатите осуммина ја погодија целта. Несторовски и Трајковски не казнени удари. Двата македонски репрезентативци ги одиграа сите 120 минути во исцрпувачкиот натпревар на „Сант Елиа“. Домаќините поведоа со голот на Жоао Педро во првиот дел, а Ле Гумина израмни за гостите во второто полувреме.

Беневенто на Јакиимовски е елиминиран уште на самиот старт на натпреарувањето по поразот пред своите гледачи од Перуџа со 0-4. Горан Пандев е единствениот Македонец во турнирот, а тој со Џенова утре ја пречекува Чезена.