Островот во шок: Почина поранешниот репрезентативец Уго Ехиогу

Англија се разбуди со голема спортска трагедија, откако утрово медиумите објавија за смртта на 44-годишниот Уго Ехиогу, некогашен англиски репрезентативец, а до смртта тренер во академијата на Тотенхем Хотспур. Ехиогу синоќа претрпе срцев удар на тренинг и итно беше префрлен во болницата во Лондон, каде неговата состојба беше окаратеризирана за стабилна.

Сепак, утрово јавноста ја шокира веста за прераната смрт на тренерот на екипата до 23 години на Тотенхем. Клубот на својата официјална веб страница ја објави фаталната вест, а илјадници навивачи на клубот и љубители на фудбалот му оддаваат последна почит на некогашниот дефанзивец.

Ехиогу 15 пати го носеше дресот на Англија, а во клупската кариера настапуваше за Вест Бромвич Албион, Астон Вила, Мидлсброу, Лидс Јунајтед, Глазгив Ренџерс и Шефилд Јунајтед.