Осогово ветува засилувања, закажани три теста пред стартот на ВМФЛ

Повратникот во Втора лига, кочански Осогово под палката на тренерот Влатко Јовановски од денес влегува во втората фаза од подготовките. За таа цел закажани се и првите контролни средби, а за противник жолто-сините ќе го имаат Борец од Велес, натпревар кој се игра в сабота во Кочани од 18.00 часот.  

На 26 јули исто така во Кочани, „жолтите“ ќе спарингуваат со Силекс додека на 29 ќе гостуваат во Струмица кај Беласица. Што се однесува до играчкиот ростер, костурот од минатата година е задржан, додека деновиве ќе бидат ангажирани и низа засилувања со кои се преговара или се на проба.

Осогово на две кола до крајот на минатиот шампионат на Третата лига - Запад обезбеди промоција во ВМФЛ и сега гради тим како би играл главна улога во сезоната која почнува а 26 август.