Олимпијакос казнет со одземање на бодови поради дивеењето на навивачите

Грчкиот Олимпијакос уште еднаш ќе се соочи со последици поради дивеењето на своите навивачи. „Црвено-белите“ од Атина од страна на грчкиот фудбалски сојуз се казнети со одземање на три бода и 90.000 евра, како и настап на два натпревари без присуство на навивачи.

Навивачите на Олимпијакос во неодамнешното градско дерби против АЕК, на теренот фрлаа свои тврди предмети и запалени факли, а предизвикаа нереди и надвор од стадионот.

Со одземањето на трите бода, Олимпијакос ќе ја зголеми и својата негатива во однос на АЕК, негатива која сега ќе изнесува цели седум бода.