ВИДЕО: Окампос го освои Нант и го одведе Олимпик Марсеј на врвот

Втор натпревар и втора победа во новата сезона на Лига 1 на Олимпик Марсеј на Руди Гарсија. Екипата од Азурниот брег, по триумфот против Дижон во првото коло, денес во првиот саботен натпревар од второто коло на францускиот фудбалски шампионат славеше кај Нант со 0-1 (0-0). 

Единствениот гол на натпреварот, кој главно беше израмнет со позрели шанси на домаќините, го постигна Лукас Окампос во 87 минута. Аргентинецот кој дојде од Џенова, а во Франција играше и за Монако, најдобро се снајде и донесе вредни три бода за екипата од јужна Франција.

Клаудио Раниери со два порази ја почна новата своја авантура како тренер на „канаринците“ од Нант.