ОФИЦИЈАЛНО: Лацио го договори Лукас Леива

Екипата на Лацио донесе ново засилување во своите редови, во фудбалерот на Ливерпул, Лукас Леива.

Леива, кој десет години настапуваше на „Енфилд роуд“, доаѓа во редовите на Лацио како замена за Лукас Биља кој го напушти Рим и потпиша за Милан.

За услугите на Леива, Лацио ќе плати околу седум милиони евра.