ОФИЦИЈАЛНО: Француската фудбалска лига доби нов спонзор и име

француско првенство

Благодарение на новиот спонзорски договор, од наредната сезона најсилната француска фудбалска лига ќе има додаток во името.

Новото име ќе гласи „Конфорама Лига 1“, по името на компанијата за мебел која ќе биде официјален спонзор во сезоната 2018/19. 

Моментален лидер во првенството во Франција е Монако, кој се обидува да ја прекине доминацијата на ПСЖ во последните неколку години.