ОФИЦИЈАЛНО: Финалето на Купот на Кралот ќе се игра на „Ванда Метрополитано“

Ванда Метрополотано

Денес беше одлучено„Ванда Метрополитано“, домот на Атлетико Мадрид, да биде домаќин на Барселона и Севиља, кои ќе играат во финалето од Купот на Кралот во Шпанија.

Натпреварот ќе се одигра в сабота на 21 април, а во пресрет на истиот има само една дилема. И двете екипи настапуваат во Лигата на шампионите, па доколку една од нив се пласира во полуфиналето, тоа е на програмата само три или четири дена подоцна.

Бранител на титулата и апсолутен рекордер по бројот на освоени титули е каталонската екипа, која ќе го игра своето петто последователно финале.

Од друга страна, Андалузијците последен пат се радуваа на трофејот во 2010 година, а пред две години загубија токму од Барселона.