ОФИЦИЈАЛНО: Енис Барди е најновото засилување на Левaнте!

Екипите на Леванте и Ујпешт постигнаа договор за услугите на Енис Барди, и од попладнево нашиот репрезентативец и официјално е најновото засилување за новиот член на Примера, објави шпанскиот клуб на својата интернет страница. 

Македонецот, утрово ги мина редовните медицински прегледи и за тимот од Валенсија потпиша тригодишен договор со опција за продолжување на соработката на уште две години, а неговата официјална промоција е закажана за утре од 17.00 часот. Засега сумата која ја одвои Левенте за реализирање на овој тренсфер не е позната, но се шпекулира дека изнесува 1,5 милиони евра. 

Барди три години го носеше дресот на Ујпешт, каде настапи на 94 меча и постигна 22 гола. За нашата A селекција дебитира во 2015 година и досега одиграл шест меча. 22-годишниот играч за врска исто така, блесна во дресот на нашата млада селекција на ЕП во Полска, каде беше најдобриот поединец на Благоја Милевски, а воедно беше и првиот стрелец за Македонија на еден ваков голем собир.