ВИДЕО: Нова бламажа на Монако, францускиот шампион е разочарувањето на ЛШ!

Дефинитивно ниту најголемите скептици не очекуваа ваква бламажа на екипата на Монако во овогодишното издание на Лигата на шампионите, па затоа можеме да кажеме дека тимот од кнежевството е најголемото разочарување оваа сезона во најелитното клупско натпреварување на УЕФА.

Актуелниот шампион на француската Лига 1 и лански полуфиналист во Лигата на шампоните, сезоната ја заврши прерано, откако во групната фаза не успеа да извојува ниту една победа, освојувајќи само два бода. Очајните настапи, Монако вечерва ги потврди со уште една срамна партија, откако на гостински терен беше прегазен од Порто со 5-2. За португалскиот гигант блескаше Абубакар, кој постигна два гола, а по еден гол запишаа Телес и Соареш. Двата гола за Монако беа дело на Глик и Фалкао. 

За Монако овој пораз е дури четврти во групната фаза, а единствено не беше поразен од Бешикташ дома и од Лајпциг во гости. 

Во рамки од оваа група Г, вечерва се одигра и мечот меѓу Бешикташ и Лајпциг, на кој на крај изненадувачки славеше турскиот шампион со 1-2. Негредо од пенал донесе турски водство среде Германија, Кеита израмни на 1-1, додека голема победа за екипата на Ѓунеш донесе Талиска со гол во 90. минута. Од оваа група пласман во осминафиналето обезбедија Бешикташ и Порто.