Ниту „лавовите“ не излегуваат на студ

Македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров го одложи стартот на подготовките поради ладните температури во Скопје.

Првата прозивка на „лавовите“ Јовица Кнежевиќ требаше да ја има денес напладне, но сепак, истата е одложена поради ладното време. Од клубот велат дека стартот ќе биде одложен за неколку дена затоа што ќе се чека мало подобрување на временските услови. 

Засега, од Ѓорче нема нови заминувања, а нови фудбалери би можеле да пристигнат во наредниот период. Првиот тренинг „лавовите“ многу веројатно ќе го имаат в петок.