Несторовски: Среќен сум за четирите гола и капитенската трака, трансфер-пазарот не ме интересира!

Вчера македонскиот репрезентативен голгетер, Илија Несторовски, го имаше своето деби како капитен на тимот на Палермо. Сицилијанскиот тим извојува висока победа од 13-2 над австрискиот аматерски тим Бад Клајнкирхајм, а прилепачецот беше стрелец на четири гола. 

„Среќен сум што новата сезона ја започнав со четири гола, но за мене најважно е што тимот одигра добро и извојува висока победа. Исто така, горд сум со ја носев капитенската лента, тоа ми дава дополнителна мотивација и сакам да му се заблагодарам на Зампарини за довербата што ми ја даде. Имам уште три години до крајот на мојот договор со Палермо. Сега воопшто не мислам на трансфер-пазарот, туку само за подготовките на тимот. Нашата цел е веднаш да се вратиме во Серија А, бидејќи овие прекрасни фанови го заслужуваат тоа“, по мечот истакна Несторовски. 

27-годишниот напаѓач во изминатата сезона беше најдобар поединец во редовите на Палермо, а со 11 постигнати гола беше и прв стрелец, но слабата поддршка од соиграчите беше единствен фактор што во новата сезона Палермо ќе се натпреварува во Серија Б.