ВИДЕО: Несторовски го скрши малерот, погоди од пенал за Палермо против Фоџа

Илија Несторовски конечно го прекина својот голгетерски пост и на денешниот натпревар против Фоџа за првпат погоди за Палермо, по 26 ноември минатата година и натпреварот против Авелино.

Тимот на Палермо доминираше ве текот на натпреварот, а нашиот репрезентативец беше сигурен реализатор на пеналот во 64. минута, кој и самиот го изнуди за почетна предност за Палермо.

За нашиот репрезентативец денешниот погодок е негов 11. оваа сезона во дресот на Палермо.