ВИДЕО: Неславен крај на големиот Џиџи - Буфон се прости низ солзи и без СП

Фудбалерите на италијанската репрезентација на „Сан Сиро“ не постигнааа гол против Шведска и останаа без Мундијалот, кој наредната година ќе се одржи во Русија. За „азурите“ тоа ќе биде третпат во историјата да бидат без настап на Светско првенство, а првпат по далечната 1958 година.

Воедно, овој натпревар е еден вид и неславен крај за легендарниот Џанлуиџи Буфон, кој најавуваше фудбалска пензија, по завршувањето на Светското првенство во Русија. По натпреварот, тој не можеше да го сокрие разочарувањето, а воедно го потиснаа и емоциите, па со солзи во очите го најави својот крај.

За репрезентацијата на Италија 39-годишниот Буфон дебитираше во 1997 година и во 20-годишната кариера настапи на 175 натпревари. Круна на неговата кариера беше титулата светски првак од 2006 година во Германија.