ВИДЕО: Нервозниот Рибери го фрли дресот, од Баерн најавуваат соодветна казна!

Дефинитивно секој фудбалер на еден меч за својата екипа сака да мине 90 минути на терен, но понекогаш некои бурно реагираат кога ќе бидат заменети. Токму тоа синоќа го направи ѕвездата на Баерн Минхен, Франк Рибери, кој одлучи да го фрли дресот, откако беше заменет во 77. минута од мечот. 

„Тоа не смее да се случи. Ние сме Баерн Минхен и сигурно со раководството ќе разговарам за оваа ситуација“, рече спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ, а Анчелоти додаде: Да, секој играч сака што повеќе да мине на терен, но Рибери треба да сфати дека кога ќе одиграш лош натпревар треба да бидеш заменет. Не ја разбирам неговата реакција“, вели италијанскиот стратег.

Баерн во вчерашниот дуел против Андерлехт славеше победа од 3-0, а дефинитивно оваа реакција на Рибери нема да биде заборавена од страна на челните лица на Баварците и најверојатно драстично ќе биде казнет.