Нема потреба од менување, на Вардар - Зенит може и со ваучери

Македонскиот фудбалски првак Вардар објави соопштение во кое вели дека оние кои поседуваат блок-билети може со ваучерот да влезат на мечот против Зенит во Лига Европа. 

Речиси 10.000 љубители на фудбалот набавија блок карти за трите меча, а од Вардар велат дека сите кои поседуваат ваучери кои ги добија при купување на блок билетите за натпреварите од Лигата на Европа, ќе можат со истите да влегуваат на натпреварот со Зенит. Меѓутоа потоа ваучерите ќе мора да се чуваат и да се заменат со пластифицирани картички. Исто така од клубот информираат дека дополнително ќе објават кога точно ќе се заменуваат ваучерите со електронски картички.

Натпреварот меѓу Вардар и Зенит се игра в четврток од 21.05 часот и истиот ќе биде деби за македонски тим во групната фаза од еврокуповите.