ВИДЕО: Нејмар одби да се ракува со младиот Шкот, но со причина!

Синоќа, „новиот“ ПСЖ го уништи шкотскиот шампион, Селтик, откако на домашен терен го порази со убедливи 0-5 во рамки од првото коло на Лигата на шампионите, а еден од најдобрите на теренот беше бразилскиот ас Нејмар. 

Најскапиот фудбалер на планетата беше творец на еден гол, а беше и во центарот на вниманието по завршувањето на мечот. Кога главниот судија досуди крај, Нејмар одби да се ракува со младиот 18-годишен фудбалер на Селтик, Тони Ралстон, кој сакаше да му ја честита победа. Меѓутоа, Бразилецот го одби тоа, а подоцна му проговори неколку зборови, но итро ја сокри устата за да не може да се прочита што кажал. 

Сепак, имало причина за ваквата реакција на Нејмар. Во текот на мечот овие двајца често влегуваа во конфликт, а еве само една ситуација кога младиот Шкот го испровоцира Бразилецот, а тој го потсети на резултатот. 

Дефинитивно, Ралстон делуваше многу нервозно на теренoт, а доказ за тоа е грубиот старт врз Мота, за кој можеби требаше да добие црвен картон.