Нејмар го спореди триото „МСН“ со Кавани и Мбапе: Сè уште ни треба време за да се разбереме со поглед

ПСЖ триооо

Францускиот гигант, ПСЖ одлично ја започна новата сезона во Лигата на шампионите и убедливо славеше на гостувањето кај Селтик (0-5) најмногу благодарение на ударното напаѓачко трио Мбапе, Кавани и Нејмар.

По мечот, Нејмар даде интересна изјава и направи споредба помеѓу сегашните соиграчи во нападот на француската екипа со Меси и Суарез од деновите поминати во Барселона.

„Тие двајца се извонредни фудбалери. Но, ние сè уште се запознаваме на теренот. Меѓусебно сакаме да напредуваме и мислам дека за тоа потребно е малку време. Лесно е да се игра со одлични фудбалери, но ни фали хармонија. Сè уште ни фали многу за да можеме да се разбираме со поглед или пак, со нашите движења. Но, ова е долго натпреварување, а ние сме екипа и мора да останеме заедно за да имаме шанса да го освоиме“, изјави Бразилецот.

Прв посериозен предизвик за Унаи Емери и неговите фудбалери ќе биде дуелот со Баерн Минхен на домашен терен за две недели.