ВИДЕО: Негативно деби на Сидорф, Бетис однесе три бода од „Риазор“

Кларенс Сидорф со пораз ја започна својата кариера на клупата на Депортиво Ла Коруња. Во последниот натпревар од 24. коло на Примера, Бетис на Кике Сетјен го совлада домашниот тим со 0-1 (0-0) и ја продлабочи кризата на клубот од Галиција.

По првиот дел кој мина во изедначена игра и без зрели шанси, моментот на одлука се случи во 54. минута, кога по центаршутот на Жуниор Фирпо од левата страна, Лоран Морон се најде на вистинското место и го совлада домашниот голман (0-1). Ова е трет гол во вториот натпревар за 24-годишниот напаѓач, кој цели две години ја лечеше тешката повреда.

Депор падна 19. место со 17 бода, а Бетис граби кон европските места и сега е седми со 33 бода.