ФОТО: „Не ѝ кажувајте на мојата госпоѓа, но Денот на вљубените ќе го поминам со мојата птица“

Ливерпул транспарент за Порто

Фудбалските фанови се соочуваат со мали проблеми во пресрет на Денот на заљубените, кој се поклопува со осминафиналните дуели во Лигата на шампионите (ЛШ). На истиот ден се играат натпреварите Реал Мадрид - ПСЖ и Порто - Ливерпул, кои се доволни за изговор за свјоата понежна половина.

Едно е јасно, а тоа е дека фановите на Ливерпул знаат кој е нивниот приоритет оваа среда. Потврда за тоа е транспарентот, кој овие дена се продава во локалните продавници и кој ќе биде дел од гостувањето во Португалија.

На него стои пораката: „Не ѝ кажувајте на мојата госпоѓа, но Денот на вљубените ќе го поминам со мојата птица“.

Оригинално и досетливо, нема што!