Наполи го претстави најновото засилување, Машаш до 2022 на „Сан Паоло“

Лидерот на табелата во Серија А, Наполи, синоќа го потврди своето прво зимско засилување, откако успеа да го обезбеди потписот со младиот фудбалер, Зинедин Машаш. 

22-годишниот играч за врска на „Сан Паоло“ пристигна како слободен фудбалер и потпиша договор кој ќе има важност до 2022 година. Последен клуб на Машаш е француски Тулуз, додека минатата сезона настапуваше како позајмен играч во Марсеј каде запиша 38 меча во кои постигна 3 гола. 

„Наполитанците“ по 20 одиграни кола во Серија А се првопласирани со 51 бод, само еден повеќе од шампионот Јувентус. Пролетната сезона во Италија започнува на 21 јануари, а Наполи ќе му гостува на Аталанта.