Најнадежниот хрватски стратег пристигна на „Пољуд“, Копиќ нов тренер на Хајдук

Хрватскиот фудбалски гигант, Хајдук, го претстави својот нов шеф на стручниот штаб, кој ја доби довербата да ја води екипата во иднина. 

Нов предводник на тимот од „Пољуд“ е Жељко Копиќ, кој на клупата ќе го замени Јоан Кариља, кој по срамниот пораз од Рудеш во последното коло на ХНЛ лигата заработи отказно решение. 

Копиќ зад себе има големо искуство од хрватскиот шампионат, во последните две сезони беше предводник на Славен Белупо, а претходно работеше и во Загорац, Сегеста, Лучко, Цибалија и Загреб. Тамошните медиуми го претставуваат како најнадежниот хрватски стратег во овој момент.