Mожно ли е? Марсијал заради бонус од 10 милиони фунти ја грее клупата на Јунајтед

Францускиот репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, минатата сезона блесна во дресот на „црвените ѓаволи“, но во оваа под водство на Жозе Мурињо повеќе е на клупата отколку на теренот. 

Некои тврдат дека Мурињо не е задоволен од залагањето на Французинот на тренинзите како и од дефанзивните обврски, но вчера можеби се обелодени вистинската причина – зошто Марсијал сè почесто ја грее клупата за резерви. 

Доколку им веруваме на британските медиуми причината за неиграњето на Марсијал е поради бонусот кој Јунајтед ќе мора да му го исплати на Монако, доколку Французинот постигне одреден број на голови во сите натпреварувања. Моментално крилниот напаѓач има постигнато 25 гола, а за Монако да добие бонус од 10 милиони евра треба да постигне уште два гола. 

Марсијал, минатото лето за 36 милиони фунти направи трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед, а најверојатно поради бизарните договори од истиот ќе мора оваа сезона повеќе да биде надвор од теренот.