Мората по барање на Конте доаѓа во Челзи како замена за Коста

Напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората, многу веројатно својата кариера ќе ја продолжи во Челзи, каде се најавува како замена за Диего Коста.

Шпанецот не настапи на дуелот во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, а медиумите од Островот велат дека тој веќе се договорил со Челзи. Во клубот тој доаѓа по барање на Антонио Конте, како замена за Диего Коста, кој има понуда од Кина и кој веќе неколку пати изјави дека е незадоволен од животот во Лондон.

Мората ќе го комплетира трансферот во Челзи во летниот преоден рок.