Момчето за кого се „тепа“ пола ПЛ стана најмладиот најдобар играч на САД

Кристијан Пулишиќ

Кристијан Пулишиќ, членот на Борусија Дортмунд е прогласен за најдобар фудбалер на САД за изминатата 2017 година. Фантастичниот офанзивец на „милионерите“ со само 19 години е најмладиот добитник на оваа престижна награда, која во САД се доделува во последните 27 години. 

Пулишиќ на кого му предвидуваат блескава фудбалска кариера доби 254 поени од 104. медиуми кои беа вклучени во ова гласање. Тој во изминатата година за САД одигра девет меча на кои постигна 6 гола, а запиша и 4 асистенции. На второто место се пласира легендарниот голгетер, Алтидор со 95 поени, додека трет е Бредли со само 75 поени. 

Поради одличните игри во 2017 години Пулишиќ веќе е мета на неколку премиерлигаши, а во тесна трка за неговиот потпис се споменува дека се Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал.