ВИДЕО: Михтарјан ја продолжи голгетерската форма во Европа и донесе водство за Јунајтед на „Олд Трафорд“

Михтарјан

Првата посериозна шанса на „Олд Трафорд“ во натпреварот од возвратната четвртфинална програма на Лига Европа меѓу Манчестер Јунајтед и Андерлехт беше крунисана со погодок во мрежата на гостите. По една прекрасна акција на „црвените ѓаволи“, топката стигна до Маркус Рашфорд, кој од левата страна најпрво се обиде да додаде до Ибрахимовиќ, за потоа одбиената топка да ја испрати до Михтарјан, кој биеше неодбранливо од работ на шеснаесетникот (1-0).

Неколку моменти подоцна Џеси Лингард имаше одлична шанса да го дуплира водството, но на неговиот удар одлично одговори гостинскиот голман и со врвот на прстите ја испрати топката во корнер.