Металург се жали кај ФИФА, од Локомотив Пловдив бара 100.000 евра за Јефтоски

Македонскиот фудбалски клуб, Металург, до ФИФА испратил жалба за неисплатените средства на Локомотив Пловдив за трансферот на Стефан Јефтоски во бугарскиот клуб. 

Македонскиот играч за врска во Локомотив премина како слободен фудбалер, но бидејќи е помлад од 23 години неговиот матичен клуб Металург мора да биде обештетен, односно да му биде исплатена тренинг компензацијата. 

Бугарските медиуми пишуваат дека скопскиот клуб бара оштета од најмалку 100.000 евра, а истата може да достигне и до 320.000 евра. Доколку Локомотив не ги расчисти сметките со Металург, тогаш ФИФА ќе мора соодветно да го казни бугарскиот клуб – одземање на неколку бода, како и забрана за трансфери на одреден период.