Меси: Знам дека понекогаш морам да останам на клупата за резерви, бидејќи тоа е најдобро за мене

Лионел Меси клупа за резерви

Ернесто Валверде има голема храброст, бидејќи успеа да направи нешто, што на неговите претходници не им успеа. Тој го остави Лионел Меси на клупата за резерви двапати по ред и тоа во Лигата на шампионите и кога Аргентинецот беше целосно подготвен за игра.

Но, според зборовите на најдобриот фудбалер на Каталонците, тоа не е никаков проблем за него, дури и вели дека ја разбира одлуката на својот тренер.

„Знам дека сезоната е долга и тешка и дека во некои моменти моето тело мора да се одмори. Сфатив дека доколку понекогаш не играм, тоа е подобро за мене. Мислам дека екипата е доволно подготвена да игра и без мене, а јас се надевам дека ќе бидам на моето ниво кога најмногу треба, а тоа е завршницата од сезоната“ , изјави Меси.

Аргентинскиот фудбалер денес ќе биде дел од церемонијата во Париз, на која ќе се додели „Златната топка“ . Голем фаворит е Кристијано Роналдо, а во најдобрата тројка за изминатата сезона место има и за Нејмар.