ФОТО: Меси и Роналдо се бакнуваат на улиците во Барселона како најава за „Ел Класико“

Кристијано Роналдо и Лионел Меси

Популарниот шпански уметник, Твбој секогаш знае како да го привлече вниманието со некој провокативен графит. Тоа го направи и на неколку дена пред „Ел Класико“, вклучувајќи ги најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

На познатата авенија во каталонскиот град, тој направи фотографија од двата играчи како меѓусебно разменуваат нежности, со што привлече огромно внимание од фудбалската јавност. Интересен е фактот што Аргентинецот стои на своите прсти за да стигне до својот конкурент на фудбалските терени.

 

A post shared by TVBOY (@tvboyofficial) on

 

A post shared by TVBOY (@tvboyofficial) on

Конечниот резултат од неделниот натпревар би можел да го даде името на новиот шампион во шпанска Примера.