ВИДЕО: Меси го заработи најбизарниот жолт картон затоа што бараше опомена за Пјаниќ!

Лионел Меси натпреварот против Јувентус ќе го памети по двата гола и победата од 3-0, но и по бизарниот жолт картон, кој му го покажа словенечкиот судија Дамир Скомина.

Имено, Меси влезе во бележникот на судијата заради тоа што јавно со гестикулација бараше жолт картон за Пјаниќ, заради еден груб прекршок на Босанецот. Скомина не му ја прости гестикулацијата на Меси и го запиша во својот бележник. 

Подоцна во мечот жолт картон заработи и Миралем Пјаниќ.